Монако: Рикардо победи и покрај проблемите

466

Во 250та трка за Ред Бул, Даниел Рикардо победи на сите тренинг сесии, победи на квалификациите, водеше секој од 78те кругови на трката и стигна до својата прва победа во Монако, а 4та за “биковите“ во кнежевството. Австралијанецот никогаш претходно во кариерата нема победа од пол позиција, нема победа ни од топ 3 старт, а стана 3от возач од Австралија кој ја донесе победата број 4 за континентот кој по традиција ја отвора Формула 1 сезоната, по Џек Брабам и Марк Вебер.

Победа број 7 во кариерата на Рикардо, 4ти подиум во Монте Карло, а 57ми триумф во историјата на екипата од Милтон Кинс и нивни 11ти подиум на најбавната Формула 1 трка.

Второ место и 102ри подиум во кариерата на Ветел, а негов 6ти во Монако. Подиум број 733 за Ферари, а нивни 52ри во Монако. На трето место до својот 122ри подиум и 6ти во Монако стигна Луис Хамилтон носејќи им го на Мерцедес 8от подиум, вкупно 162ри.

Трката беше здодевна за стандардите на Монако каде секогаш има Безбедносно возило, но овојпат немаше. На крајот на првиот круг првата десеторка беше идентична како и на самиот старт, немаше никакви промени.

Возбудување имаше пред стартот кога Вилијамс имаа проблем со монтирање на гумите на болидот на Сергеј Сироткин, работеа на неговиот болид на 3 минути пред стартот на трката, по што добија и казна од 10 секунди во боксот.

Првото возбудување дојде во 10от круг кога Ленс Строл при еден контакт со бариерите при крајот на вториот сектор заврши со дупната предна лева гума и оштетен нос.

Меките хиперсофт издржаа само 12 кругови кога Луис Хамилтон прв се реши на бокс, влезе и промени на ултрасофт, при што од 3то се врати на 6то место, зад Естебан Окон. Но, како по договор, возачот на Форс Индија лесно и без борба го пропушти актуелниот првак веќе во следниот круг не дозволувајќи да загуби време.

Во кругот број 16 во бокс по ултрасофт влезе Себастијан Ветел, а следниот круг истото го направија и Даниел Рикардо, Кими Раиконен и Валтери Ботас. Второт возач на Мерцедес не одбра хиперсофт како останатите затоа што немаше на располагање нов сет од таа компонента и наместо тоа се реши за суперсофт. Се чини дека не погреши поради тоа што беше конкурентен до самиот крај, но карактеристиките на патеката не му дозволија да претекне.

Макс Верстапен по многуте проблеми кои самиот ги предизвика со сударот на Т3 вчера почна од последно место, но по 25 ругови веќе беше на 10то место, во поени.

Дефинитивно највозбудливиот момент дојде во 28от круг кога Даниел Рикардо преку радио дојави дека нема доволно моќ од моторот. Ветел кој беше зад него веднаш се обиде да нападне, но 10-тината кругови кои ги имаше со гумите го оневозможија да претекне, по што се реши да почека да види дали австралијанецот ќе може да ја доврши трката.

Макс Верстапен влезе во бокс дури во 48от круг, ултрасофт ги промени со хиперсофт и веднаш почна да ниже најбрзи кругови, но од 9то место падна на 11то. Сепак, на крајот успеа да надомести две позиции, да го мине Саинз и да финишира на 9то место носејќи два поени за тимот.

Кругот број 53 беше моментот кога се чекаше дуелот на Фернандо Алонсо со загреани суперсофт и Пјер Гасли со нови ултрасофт. Французинот притисна, но по само два круга Нандо се откажа на стартно целнтата рамнина откако откажа менувачот во неговиот Мекларен Рено. Интересно, 53от круг беше првото откажување од трката.

Три круга подоцна, тимска стратегија во Рено, Хулкенберг беше многу побрз од Саинз, шпанецот го пропушти, но во меѓувреме мудро го задржа Верстапен зад себе, забавувајќи го и давајќи му простор на германецот да го нападне Гасли кој беше пред него.Но два круга подоцна, Макс најде начин да го мине Саинз.

Шест кругови пред крајот дојде и првиот судар. Леклер блиску го следеше Гасли сакајќи да ја превземе неговата позиција, но не успеа да запре по излезот од тунелот во пресрет на шиканата. Зауберот не можеше да се запре и удри право во задниот дел на Гасли. Тоа беше крај на трката за двајцата овогодишни дебитанти.

На крајот, победа за Рикардо пред Ветел и Хамилтон, второто Ферари возено од Кими на 4то место, а зад него Ботас. Естебан Окон онаму каде што почна, на 6то место, пред Пјер Гасли и Нико Хулкенберг. Последните две места за поранешните тимски колеги Верстапен и Саинз.

Предноста на Хамилтон на врвот кај возачите намалена на 14 поени, Рикардо со победата дојде на 3то место со 4 поени пред Валтеери Ботас, додека 8 поени зад Ботас е Кими.

Предноста на Мерцедес намалена на 22 поени, Ред Бул на 3то место, Рено ја зголеми предноста пред Мекларен на 6 поени.


Монако: Рикардо победи и покрај проблемите

1 Коментар

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>