Мерцедес се откажале од Хам во Баку

532

Мерцедес признаа дека загубиле надеж дека Луис Хамилтон може да победаи на Големата награда на Азербејџан и биле целосно посветени да го задржат Валтери Ботас пред Себастијан Ветекл. Но, и покрај тоа што не беше убедлив цел викенд, британецот победи со огромна доза на среќа.

Победата број 63 на Луис дојде во најдобар можен моемнт за дас е прекине серијата од 3 трки без пораз, прва таква за Мерцедес во турбо хибриднаа ера. Главниот инженер на трка во таборот на “сребрените“ Ендру Шовлин, призна дека целосно се посветиле на Ботас во вториот дел од трката.

Ако не се појавеше Безбедносното возило ќе влезевме во бокс по нови гуми со Валтери на околу 10 кругови пред крајот на трката. Суперсофт пневматиците не се трошеа многу и стратегијата се одвиваше одлично и можевме да останеме на патеката колку што скаавме.

Последнтие 10 кругови ќе му дадеа доволно време да го стигне Себ и да се бори со него за победа во последните неколку кругови.

Со Луис имавме помалку опции. Прва беше до крај да останеме со софт компонентата и да си ја зачуваме позицијата. Софт траше многу долго и не се влошуваше како одминуваа круговите, но во исто време беше далеку од грипот на ултрасофт – појасни Шовлин.


Мерцедес се откажале од Хам во Баку

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>