Мерцедес сака партнерство како Хаас со Ферари

447

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, сака тие да имаат партнерство и техничка соработка во стилот и согласно моделот кој Ферари го применува со Хаас.

Пред да влезе во тркачката серија од 2016 година, американците склучија договор за техничка соработка со Скудерија за да ги набават моторите за болидот како и сите делови кои се на дозволената листа и може да бидат продавани.

Лоренс Строл, таткото на возачот на Вилијамс Ленс Строл и значителен акционер во тимот, ги охрабрува одговорните луѓе во Гров да размислат за таков вид на техничка соработка со Мерцедес, но Клер Вилијамс веднаш појасни дека тимот мора да остане независен Формула 1 конструктор.

Видовме дека системот помеѓу Ферари и Хаас работи одлично за двете страни. Интересен е поради начинот на кој го полни буџетот на Ферари, а мислам дека и во однос на синергијата може да се сработи многу со оглед на начинот на функционирање на Хаас. Тие се многу конкурентна екипа без да имаат свое наследство и без да имаат соодветно знаење и искуство за кое требаат долги години да се акумулира.

Досега нивниот систем е многу успешен и се разбира дека и ние размислуваме во таа насока, без разлика дали се работи за Вилијамс или за Форс Индија. Но, во екот сме на многу тешка битка за овогодишната титула така што мораме да ставиме приоритет на друго – објасни Тото.

Соработката на Мерцедес со Вилијамс се однесува само на сбандување со мотори, додека соработката со Форс Индија вклучува и доставување на менувач и целосен хидрауличен систем. Тимскиот шеф на Мерцедес смета дека поблиска соработка помеѓу екипите би можела да почне уште следната година.

Можеме да направиме нешто од 2019 година, затоа што секако имаме капацитет за тоа. Не сме многу далеку, не се работи за производен проблем, туку да се насочите да ги задоволите потребните без да го одвлечете вниманието од вашата екипа. Се треба да се направи на соодветно добар начин.

Тоа би било долгоорчен проект, а нешто од што очекувате голем бенефит уште следната година. Ви требаат 2-3 години за да дојдете до резултати.

Ако се направи на добар начин, корист може да имаат двете страни, но мроа да биде соодветно направено, да се направи вистински баланс, да се оптимизира. Тоа е клучно – заврши Волф.


Мерцедес сака партнерство како Хаас со Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>