Мерцедес работи на разбирање на хиперсофт

131

Во пресрет на Големата награда на Канада, водечката екипа во шампионатот, Мерцедес, работат на подобро разбирање на најмеката хиперсофт компонента со која имаа проблеми во Монако. Хаилтон и Ботас имаа доста голема деградација за време на првата серија која ја комплетираа со најмеките гуми.

В09 се чини повеќе “ги јаде“ гумите одошто ривалските болиди од Ред Бул и Ферари, така што во Бракли ќе се истражува темелно за да се дознае причината за ова, најмногу поради фактот што тие гуми ќе се возат и во Монтреал.

Неделава сме преокупирани со тоа. Видовме и други екипи кои беа во слична ситуација со нас, но клучно е дека Ред Бул изгледаат многу силни во менаџирањето, а посилни од нас беа и Ферари. Имаме добри идеи во врска со тоа каде погрешивме и ќе работиме повеќе во фабриката за целосно да го разбереме проблемот затоа што мораме да го решиме во пресрет на трката во Монтреал.

Имаме исти гуми, но имаме слични проблеми и мораме да се осигураме да не сме изложени на ризик затоа што доколку загубите ритам во Монтреал и имате силна деградација на гумите, болидите лесно ќе ве поминуваат – објасни инженерот на Мерцедес одговорен за стратегијата, Ендрју Шовлин.

По првата серија на хиперсофт, во Мерцедес се решија на Хамилтон да му стават ултрасофт, додека Валтери Ботас доби суперсофт, која беше најтврда гума во гамата за Монако. Сепак, Шовлин смета дека погрешиле со Луис затоа што сметале дека подобро е и тој да возел последна серија на суперсофт.

ЈА пробавме таа гума со Луис во Четврток и наидовме на проблеми да создадеме доволно грип кај него. Тоа е потврда гума и треба повеќе да работите за да ја загреете на потребното ниво. Друга работа е што очекувавме лидерите пред Луис да промена на ултрасофт, така што логично беше и ние да го направиме истиот избор.

Доколку повторно се тркаме, веројатно би му дале суперсофт на Луис затоа што е потрајна, беше прилично брза што го воочивме со Валтери кој лесно ја комплетираше трката без никаков проблем – заврши Шовлин.


Мерцедес работи на разбирање на хиперсофт

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • IVICALUCKY
    Остави коментар

    Ако не ви одговара гумата барајте да ги прошират или да ги стеснат како ви офговара спрема болидот не е проблем плачковци