Мерцедес го решиле проблемот со хиперсофт

266

Луис Хамилтон верува дека екипата го решила проблемот со хиперсофт компонентата коај ги мачеше во Монако и покрај тоа што во Петок немаше кругови со најмеките гуми. Актуелниот првак застана многу рано по нови гуми во Монте Карло откако В09 брзо “ги изеде“ хиперсофтот.

Германците за оваа трка се решија да побараат само 5 сетови од најмеката компонента што е најмалку од сите екипи, така што 3те часови возење во Петок ги комплетираа на суперсофт и ултрасофт. И покрај тоа што не ги проба хиперсофт, Хам е убеден дек екипата ги решила проблемите со најмеката компонента.

Дефинитивно го разбравме проблемот, но сеуште треба да видиме како ќе биде на патеката со одредена спецификација. Секоја гума, секако и хиперсофтот, бара нешто поинаку од другите, но ќе видиме утре што сме направиле. Не побаравме толку хиперсофт како останатите, тие одбраа многу повеќе такви сетови од нас затоа што нашето возење со тие гуми не се покажа добро во Монако.

Конкурентите имаат по 8 најмеки сетови, а ние 4 или 5 така што во Сабота ќе имаме соодветна проба на тие гуми и многу подобро ќе ги разбереме. Не секогаш стартувате како што треба, но мислам дека денеска почнавме одлично – објасни Луис по петочните тренинг сесии.

Времето на Хамилтон во Т1 беше помалку од десетинка од тоа на Верстапен и покрај тоа што користеше потврди гуми, а и на Т2 беше побрзиот Мерцедес од двата на патеката. Ботас ја заврши првата сесија на 5то место, а втората едно место полошо.

Мислам дека имавме добар ден дури иако тоа не се гледа по времето. Научивме од Монако, доколку би се тркале повторно таму, би изгледале многу подобро на хиперсофт. Во еден круг гумите би требало да проработат и кај нас, но ќе се увериме утре.

Секако дека конкурентите имаат предност поради новите мотори, но разликата е мала и сметам дека квалификациите ќе бидат многу неизвесни – смета Ботас.


Мерцедес го решиле проблемот со хиперсофт

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>