Мерцедес го враќа Гутиерез во Ф1

334

По скорешната работа за Мерцедес, Естебан Гутиерез не е подготвен да се откаже од својот сон повторно да вози Формула 1 Гранд При трка. Изминатите 6 месеци мексиканецот работи во симулаторот на “сребрените“ во Бракли, така што 26-годишникот смета дека има реална шанса во иднина да се врати на гридот.

Работам со Мерцедес од почетокот на сезонава како развоен возач, минувам доста време во симулаторот, се подготвувам и ја запознавам екипата. Одлично е што сум назад во Формула 1 и сакам да им се заблагодарам на Мерцедес што ми го овозможија тоа – изјави Естебан.

Гутиерез го напушти Хаас на крајот од 2016 година откако не освои поен цела сезона и се префрли на Формула Е и Индикар трките иако признава дека најмногу уживал во Формула 1.

Формула Е и Индикар беа одлични можности кои вредеше да се пробаат. Навистина уживав во тој предизвик, но моја цел секогаш бил Формула 1 и чувствувам дека можам уште многу да дадам како возач на тркачката серија доколку добијам шанса за тоа. Се е можно, тоа е моја цел и напорно работам да ја остварам.

Со оглед на развојната работа која ја врши за “сребрените“ можеби сезоната која следи мексиканецот ќе добит улога на официјален тест возач.


Мерцедес го враќа Гутиерез во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>