“Мерцедесџиите“ со промени кај пумпата за гориво

327

Сите шест болиди кои користат мотори на Мерцедес во Силверстон че добијат редизајнирана пумпа за гориво откако трката на Луис Хамилтон беше уништена минатиот викенд поради тој дел. Луис го паркираше болидот крај патеката поради проблеми со пумпата што ја комплетираше првата трка со две откажувања за “сребрените“ по Барселона во 2016 година.

Двата проблеми со кои се соочиле Мерцедес не биле искусени порано, а тимот негира дека истите се поврзани со новата спецификација која се користи од Франција. Редизајнираниот дел ќе биде вграден во болидите на фабричката екипа како и оние на Форс Индија и Вилијамс.

Луис “ја брка“ својата 6та победа во Англија и верува дека аеродинамичките промени поставени пред две трки ќе бидат вистински подобрување за брзата патекса.

Болното искуство не доближи и не направи посилни. Има некои подобрувања затоа што веднаш по трката го вративме болидот во фабриката, промената чекаше и беше тестирана. Мерцедес беа супер продуктивни во тој дел и убеден сум дека тоа нема да се повтори никогаш повеќе – смета Хамилтон.

Следев дел од процесот како се наоѓа проблемот, тие реагираа и го отстранија, така што нема да се повтори во иднина. Навистина е импресивно затоа што во Неделата имаше многу разговори за да се идентификува мааната и тоа е веќе завршено – дополни Ботас.


“Мерцедесџиите“ со промени кај пумпата за гориво

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>