Мекларен потврди дека Латифи е новиот инвеститор

366

Од Мекларен групацијата потврдија дека Мајкл Латифи, татко на возачот од Формула 2 и тест возач на Форс Индија, Николас Латифи, е позади скорешната инвестиција од 270 милиони долари.

Мекларен потврди минатата недела дека имаат нов капитал по голема инвестиција од Nidala Limited насочена кон целосната групација, која го вклучува Формула 1 тимот, McLaren Applied Technologies и нивниот оддел за спортски автомобили.

Мекларен Групацијата со задоволство потврдува дека Мајкл Латифи, канадски бизнисмен, е нов акционер, што ја зајакнува нашата состојба и нашите планови за раст – гласи известувањето од компанијата.

Латифи самиот призна дека долго време се воодушевува на Мекларен и тоа го мотивирало да се инволвира.

Одамна се воодушевувам на Мекларен и нивниот бренд. Тоа е уникатна организација во автомобилскиот свет, тркањето и технологијата со долготрајни планови за раст, поради што и ја направив инвестицијата. Горд сум што ќе бидам дел од Мекларен и овој неверојатен бренд – изјави Латифи.


Мекларен потврди дека Латифи е новиот инвеститор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>