Мекларен носи радикален нос во Барселона

366

Големиот аеродинамички пакет кој МЦЛ33 ќе го добир од трката во Шпанија ќе вклучува целосно ново предно крило и радикален нос. Тимот од Вокинг е далеку поконкурентен од лани, најмногу благодарение на моторот на Рено, но сеуште се доста зад топ 3 екипите.

Првите 4 трки од сезоната тимот ги комплетираше со некој преоден болид поради проблемите кои ги имаа на тестирањата и истиот претставува повеќе еволуција на ланскиот, но најавија дека вистинскиот МЦЛ33 за прв пат ќе се вози во Барселона.

Формиравме две работни групи во текот на зимата. Една имаше за задача да подготви основен тест болид за моторот на Рено, додека другата работеше на точен аеродинамички концепт и тоа не можевме да го донесеме на патеката се додека новито нос на болидот не беше подготвен – потврдуваат од Мекларен.

Според германски Auto Motor und Sport, највпечатливот од новито пакет е радикалниот преден дел на болдиот.

Новиот нос веднаш ќе привлече внимание затоа што е радикален и краш-тестот беше поминат на 11 Април. Гласините се дека дизајнот е спектакуларен. Веројатно нема повеќе да го има испакнатиот дел на средината, а новиот нос ќе наликува повеќе на оној на Форс Индија и Мерцедес – напиша Мајкл Шмит за Auto Motor und Sport.


Мекларен носи радикален нос во Барселона

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>