Мекларен казнети 10 илјади евра

208

Мекларен се казнети со 10 илјади евра казна поради небезбедно пуштање на Стофел Вандорн на патеката во момент кога Себастијан Ветел се наоѓаше блиску до него пред гаражаите на тимовите во текот на првата петочна сесија.

Мекларен ја признаа вината за инцидентот кој го примора возачот на Ферари нагло да запре за да избегне судар.

Вандорн и Ветел беа повикани кај стјуардите да го објаснат инцидентот, а претставниците на ФИА сметаат дека британскиот тим е виновен и поради тоа мора да плати казна.

Стјуардите го прегледаа видеото од пуштањето на патека на болидот со број 2 и ги сослушаа возачите на болидот број 2 (Стофел Вандорн) и болидот број 5 (Себастијан Ветел) како и претставници од екипата.

Забележливо беше дека возачот на болидот број 5 мораше силно и нагло да закочи за да избегне судар по што предните тркала му блокираа. Мекларен признаа дека пуштањето на патека било нивна грешка.

Поради тоа стјуардите одлучија дека болидот бил несоодветно пуштен на патеката согласно Член 28.13 а) – гласи официјалното соопштение.

Сесијата Себастијан ја комплетираше со 4то најброзо време, додека Мекларен повторно се мачеа, Вандорн заврши на 18то место со 1,8 секунди зад најбрзиот.


Мекларен казнети 10 илјади евра

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>