Мекларен Груп под истрага

421

Мекларен Груп, компанијата која стои позади славниот Формула 1 тркачки тим е под мистериозна владина истрага која може да донесе штета во финансиите на самиот бизнис.

Истрагата бара информации кои посочуваат кон одредени компании, а во врска со извршни директори и друг персонал кои биле или во моментов се поврзани со компаниите кои се предмет на интерес.

Се шпекулита дека Мекларен биле свесни за ваквата истрана повеќе од една година, но прв пат е владиниот документ да биде достапен до јавноста. Мекларен се познати по својата тајност и посветеност на заштита на својата технологија во жестокиот Формула 1 свет.

Не сме во позиција дополнително да коментираме од законски причини – изјави портпаролот на Мекларен Груп.

Ваквата вест доаѓа кога приходите на групацијата се намалени за 3% на 871 милиони фунти, а загубата пред оданолување изнесува 66 милиони фунти што е силен пад споредено со ланската добивка од 1,3 милиони фунти. Лошите финансиски резултати се како последица од помалото производство на автомобили поради тоа што се правела промена на процесите на глобално ниво во групацијата.

Владата им појаснила на челниците дека ниту Мекларен ниту некоја од поврзаните компании е предмет на истрага и дека треба целосно да соработуваат во предавање на бараните информации. Сепак, се работи за спорни финансиски средства кои секако биле потрошено во секојдневната работа. Исто така, истрагата може негативно да влијае на публицитетот и имиџот на компанијата како и репутацијата на брендот.


Мекларен Груп под истрага

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>