Мекларен ги консултирале возачите за промените

113

Зек Браун откри дека Мекларен ги консултирале своите двајца возачи, Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн во врска со менаџерските промени, пред да направат поместување во својата структура и Ерик Булие да ја напушти екипата.

Симон Робертс ќе биде задолжен за техничкиот дел, Андреа Стела е назначен за директор на перформанси додека де Феран е нов спортски директор.  Последните двајца имаат блиски односи со Фернандо Алонсо кој дава се од себе да ја спаси сезонава, но е во прашалници во врска со својата Формула 1 иднина.

Зборував со возачите пред да решам било што. Фернандо е јасно дека има огромно искуство, два пати беше наш возач, а има и искуство со Ферари, Рено и Бенетон и е човек во чиј тркачки инстинкт може да верувате. Тоа е многу важно во една ваква околина затоа што тој бил центар на многу тркачки екипи и ќе беше грешка да не се потпревме на неговото искуство и знаење во врска со начинот на работа на тимот.

Истото го направив и со Стофел иако е јасно тој нема исто искуство затоа што се има тркано само за нас. Но, тој е вредно средство на екипата, а свесни сме што може додека се трка, но веројано не сте знаеле колку е добар и корисен надвор од патеката – објасни Зек.

Браун најави дека не се откажале од ИндиКар екипа за следната година, но тоа не им е приоритет како што им е задржување на Нандо во Вокинг.

Се е возможно во врска со ангажманот на Фернандо следната година. Во моментов сме фокусирани на моментот, а тој е фокусиран на освојување на тројната круна. Ние сакаме да му го овозможиме тоа.


Мекларен ги консултирале возачите за промените

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>