Мекларен би го позајмиле Норис, но само на кус рок

62

Мекларен би го дале на позајмица Ландо Норис, но не би потпишале долгорочен договор за негова позајмица. Младиот возач беше баран од Торо Росо како замена за Брендон Хартли, но Мекларен ја одбија оваа понуда бидејќи Ред Бул сакале договор што би завршил на крајот на 2019 година.

Сеуште не е позната иднината на Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн, а тимот од Вокинг сака да ги задржи сите опции отворени пред да го промовира Норис во Мекларен следната година.

Шансите за Норис и Торо Росо се мали, но сепак Браун не отфрла краток договор за возачот од Формула 2 кој е нивни штитеник, а згора на тоа е и лидер во јуниорската серија.

Ако има можност за Ландо да добие искуство тоа би било одлично и за тоа би размислиле. Ландо е возач на Мекларен. Тој има светла иднина во тимот и не би сакале да го дадеме на подолго време – појасни Извршниот шеф на Мекларен.

Вниманието на Алонсо оваа недела е насочено кон Ле Ман, но можно е и негово заминување од Формула 1 поради незадоволителните перформанси од неговиот тим.

Не знам, 2019 година е се уште далеку. Нормално своите одлуки ги носам во летната пауза и оваа година не е исклучок. Следува важна одлука.


Мекларен би го позајмиле Норис, но само на кус рок

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>