Мајами го пропушти рокот за потпишување договор

77

Градската комисија на Мајами изгласа мандат на Градскиот менаџер да преговара со Формула 1 за организација на Гранд При трка низ улиците на Мајами, но рокот за потпишување на таков договор беше до 1 Јули. Како што пренесува угледниот Forbes повикувајќи се на изјава од одговорниот за контакт со јавноста во Мајами, Стефани Северино, таков договор не е постигнат.

Прв проблем се појави со конфигурацијата на патеката која првично требаше да минува низ дел од градот кој е предвиден за јавен парк. Поради ова, првичната конфигурација претрпе промени

Потоа група граѓани од Бејфронт Парк, се побунија поради тоа шт патеката ќе минува близу нивните домови и ќе и создава проблеми додека истата се одржува.

Откако ја превземаа Фомула 1, американците од Либерти Медиа сакаат да ја прошират со втора трка во САД, а освен Мајами во игра беа и Лос Анџелес и Њу Јорк но се чини дека најголемиот град на Флорида во моментов е во најодмината фаза на преговори за организација.

Шпекулациите говорат дека трката би требало да се Оджи во Октомври следната година односно 15 месеци и 30 денови по крајниот рок за потпишување на договорот, првиот ден месецов. Брзината со која се спроведува целата постапка става јасно до знаење колку на Либерти им значи да донесат трка во својот двор во календарот.

Патеката на Америките во Тексас имаа договор речиси 30 месеци пред првата трка, Баку имаше договор повеќе од 25 месеци, Кина 23 месеци, а само Австрија, Валенсија и Мексико имаа договор покус од тој на Мајами.

Решеноста на Либети да ја донесе Формула 1 во Мајами е толкава што се подготвени да се откажат од сумата која промотерите треба да ја платат, а која просечно изнесува околу 34 милиони долари годишно. За возврат, тие би барале дел од генерираните приходи од настанот каде како промтер ќе се јави и Стивен Рос, сопственикто на Мајами Долфинс, НФЛ екипата од Флорида.

Непочитување на рокот не значи пропаѓање на надежта за Формула 1 трка на Флорида, но сепак патот ќе биде доста тежок.


Мајами го пропушти рокот за потпишување договор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>