Мачна сесија за Кими

443

Кими Раиконен го опиша својот прв ден во Шпанија како мачен и тежок откако Т2 ја заврши во гаражата со механичарите кои рабоеа на проценка на штетите на неговиот мотор. Сесијата на финецот заврши при симулацијата на квалификации на почетокот на попладневниот ден кога се чу звук и дим од неговиот агрегат.

Тој успеа да го донесе автомобилот до гаражата каде екипата веднаш почна со анализа на проблемот. Веројатно дека ќе бидат потребни нови делови за моторот за утре.

Немав добар ден, но се на се не можам а кажам дека беше премногу лошо. Ветерот многу ја отежнува работата, но тоа го знаевме за ова време од годианта.

Асфалтот беше исти како на тестирањето, но очигледно дена временските услови се поинакви, ја знаеме патеката многу добро, но секогаш кога доаѓаме почнуваме од нула. Се обидовме различни работи и научивме од нив. Можеби не беше најчист Петок за мене, но знаевме што треба да одработиме.

Во еден момент имавме проблем и ми беше кажано да го сопрам болидот, сеуште не знаеме што се случи, но ќе дознаеме. Вечерва ќе имаме многу работа, ќе провериме се и ќе разбереме се.

Утре наутро ќе имаме подобра идеја за тоа што треба да се направи и сигурен сум дека ќе биде многу изедначено на квалификациите.

Не почувствував ништо пред да се појават проблемите со моторот. Не знам што се случи и дали проблемот е во моторот – појасин Кими.


Мачна сесија за Кими

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>