Марсеј ќе биде домаќин на следниот Ф1 фестивал

77

Формула 1 објави дека Марсеј ќе биде домаќин на следниот трет Ф1 фестивал како промоција на враќањето на Француското Гранд При покасно месецов, додека Мајами исто така ќе биде домаќин на настан во Октомври како најава на Американското Гранд При.

Со враќањето на Француското Гранд При на календарот по пауза од 10 години, Марсеј ќе го следи примерот на Лондон и Шангај кадешто беа одржани вакви фестивали.

Фестивалот во Марсеј ќе се одржи на 22 Јуни, истиот ден како и првите две слободни тренинг сесии на патеката Пол Рикар, а Франк Монтањи ќе вози демонстративен болид на Рено Е20 од 2012 година, придружуван од Дејвид Култхард кој ќе вози низ улиците со Ред Бул РБ7 од 2011 година.

Воедно на фестивалот ќе се прослави и 120 годишнина од постоење на Рено, со парада на 14 автомобили. Специјален Ф1 парк ќе биде центар на забава, со пренос во живо од сите сесии во тркачкиот викенд, како и други Ф1 искуства.

Марсеј е совршен град за Формула 1 да го означи враќањето на Француското Гранд При, бидејќи има репутација на одржување на големи спортски настани. Одвај чекаме да бидеме дел од културата на овој град.

Вестивалот ќе биде прослава со нашите локални фанови, како и можност за новата генерација да ја доживее Формула 1. Тоа воедно ќе биде и физичка манифестација на посветата на Формула 1 кон подршка на Француската моторспорт историја – изјави Шон Брачес, директорот на Ф1 за комерцијални активности.


Марсеј ќе биде домаќин на следниот Ф1 фестивал

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>