Марко: Сударот од Баку е веќе зад нас

40

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт во Ред Бул, откри дека сударот помеѓу Макс Верстапен и Даниел Рикардо на последната трка е целосно решен и оставен во минатото. Возачите минаа цела трка меѓусебно жестоко борејќи се за пласман, а на 10 кругови пред крајот, претераа и двајцата завршија надвор од трката.

Не постои никаква “зла крв“ и ситуацијата е веќе оставена во минатото. Имаат доволно мозок за да не се најдат во иднина во таква ситуација, им дозволуваме да се тркаат, но мора да покажат почит кон екипата, нешто што не го покажаа на последната трка – изјави Марко за Sport Bild.

Медиумите побрзаа да го обвинат Макс Верстапен за инцидентот, по што Марко признава дека младиот холанѓанец е под голем притисок.

Макс е гладен, сака премногу и поради тоа се става под огромен притисок. Мора да научи понекогаш да се откаже или да почека, особено сега поради честите инциденти кои ги имаше од почетокот на сезоната.

Тешко му е, но е свесен и знае. Јас гледам сличност кога ќе направам споредба помеѓу него и Себастијан Ветел од минатото. Свесен е дека веќе по автоматизам ќе биде обвинет за следниот инцидент, без разлика дали е виновен или не и поради тоа мора многу повеќе да размислува – објасни Марко.


Марко: Сударот од Баку е веќе зад нас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>