Марко: Со Хонда ќе се доближиме до Ферари

384

Советникот на Ред Бул Рејсинг, Др. Хелмут Марко, изјави дека очекува тимот да биде на исто ниво со Ферари наредната година, кога започнува нивното партнерство со Хонда.

Ред Бул се движат по нагорна и надолна линија цела сезона, болидот им откажа на возачите во неколку наврати, но во исто време е и доминантен во некои случаи. Имаат 3 победи, колку што имаат и Мерцедес и Ферари, но заостануваат позади лидерите од Маранело 58 поени.

Според Марко, тоа ќе се промени во 2019 година, бидејќи тој смета дека Хонда ќе биде значително подобрување во однос на Рено.

Нашата шасија е најдобра на гридот. Само ни недостасува моќ. Доминацијата на Мерцедес очигледно исчезна, Ферари го имаат најдобриот мотор. Ние бидејќи немаме квалификациски мод, мора да надоместуваме во трка. Споредено со конкуренцијата, често сме исто толку брзи, ако не и побрзи – вели Марко.

Ред Бул ќе ги користи агрегатите на Хонда за 2019 и 2020 година. Тоа ќе им помогне да ги надминат Ферари, смета Марко.

Не мора да промениме ништо околу шасијата, бидејќи е неверојатна. Очекувам да ја намалиме разликата со Ферари преку Хонда. Фабриката на Хонда во Сакура е неверојатно технички објект со најнови симулатори и опрема за тестирање.

Немаме финансиски грижи. Тие сакаат да се докажат пред сите дека можат да произведат победнички агрегат – додаде Марко.


Марко: Со Хонда ќе се доближиме до Ферари

7 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

    • Valdet Ademi
      Valdet Ademi

      Nenad, tokmu toa go pravat amerikancite od Liberty! Ne e sluCajno godinava Sto konkurencijata e tolki bliska, da znaeS! Sakaat da gi vratat fanovite, da ja vratat popularnosta vrz F1! I sekako im uspeva. Ako ne na yenkite komu bi uspeelo? :)))))

    • Koki Kamev
      Koki Kamev

      Valdet Ademi se soglasuvam so tebe. pogorovo za honda koja site ja falat deka ima podobruvanje ovaa godina, tocno – no i kolku defekti pojavija motorite povrorno ovaa godina. ke pokaze vremeto… a za mercedes eden baksuz den i gotovo site brujat protiv niv. iako pokazaaa deka so novite promeni povtorno se najbrzi.

    • Valdet Ademi
      Valdet Ademi

      Koki, moe mislenje e deka do krajot na Concord dogovorot vo 2021-va Mercedes kje ostane na tronot. Za ponatamu kje mora da se prisposobat na promenite, no spored moe mislenje i vo narednite 3 godini Mercedes AMG e champion! MoZe i da sum greSka, se razbira. No, mislam i iskreno se nadevam deka Mercedes, iako nema da bidat ubedlivi kako dosega, sepak kje pobeduva i kje bidat championi najmalku do 2021-va!!!