Марко: Ситуацијата со Хартли не е розева

171

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, ја опиша ситуацијата со Брендон Хартли во моментов како незадоволителна. Новозеланѓанецот е неубедлив од стартот на првенството, што беше доволно за медиумите веднаш да шпекулираат со потенцијална замена.

По 6 трки Брендон има само еден освоен поен и е целосно во сенка на неговиот француски тимски колега, Пјер Гасли кој има 4то место од Бахреин. Во пресрет на Големата награда на Монако, Гасли изјави дека е зачуден од ваквите шпекулации, но Марко не размислува така.

Ситуацијата околу Брендон не е задоволителна. Ќе мине низ овој период мирно и ќе види што може да направи за нас во иднина – појасни Марко за Speed Week.

Сезонава Ред Бул и Марко неколку пати беа на мета во медиумите поради бруталниот третман кон возачите, а Даниил Квјат и неговото ланско отпуштање беше земено како пример.

Како потенцијална замена за Хартли најчесто се споменуваат резервистот на Вилијамс Роберт Кубица, резервистот на Мерцедес Паскал Верлејн, резервистот на Ферари Антонио Џовинаци, тест возачот на Ред Бул Џејк Денис и тест возачот на Торо Росо Шон Галаел. Но, поради соработката со Хонда, Франц Тост изјави и дека би сакале јапонски возач во екипата.


Марко: Ситуацијата со Хартли не е розева

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>