Марко: Иднината на Хартли е сигурна

61

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко е сигурен во иднината на Брендон Хартли и смета дека тој ќе остане во болидот и покрај сударот од првиот круг на Канадското Гранд При. Торо Росо-то на Хартли полета од оградата во моменти кога се обидуваше да го престигне Ленс Строл од Вилијамс.

Хартли нема добар почеток на сезоната, а веќе почнаа шпекулациите за негова евентуална замена со Роберт Кубица, Паскал Верлејн, Ландо Норис и така натаму. Новозеланѓанецот има само 1 пон од седум трки, но Марко смета дека возачот не е во опасност.

Инцидентот беше обичен тркачки и нема никаква врска со неговата иднина. Тој ќе остане во болидот во иднина – смета Марко.

На квалификациите и тренинг сесиите Хартли беше побрз Торо Росо болид и се надеваше со чист викенд ќе стигне до поени во својата втора трка сезонава.


Марко: Иднината на Хартли е сигурна

7 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>