Маркионе охрабрен од последниот предлог за моторите

398

Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе, откри дека е охрабрен од дискусиите околу правилата за моторите по 2020 година. Челниците на спортот се во екот на преговарање со засегнатите страни околу правилата кои ќе бидат на сила од 2021 година, а акцент се става на намалените трошоци, поправична распределба на приходите и погласни, поефтини и поедноставни мотори.

Маркионе е на чело на Ферари од 2014 година и неколку пати се закани со вето доколку правилата кои ќе стапат на сила не им се допаѓаат. Говорејќи при објавата на финансиските резултати на компанијата за првиот квартал од годината, Серџо изрази оптимизам, но исто така и свесност дека сеуште постојат проблеми кои треба да се решат.

Сеуште е многу рано и мислам дека ќе го решиме и тој проблем со Либерти до крајот на годината. Охрабрен сум од променетиот став кој го гледам од американците во врска со големината на промените кои ги предвидуваат од 2021 година.

Веројатно најдобар индикатор е признанието дека правилата за оторите мора да ја отсликуваат природата на спортот и не смееме да ги “оглупавеме“ моторите и развојот само за да овозможиме нови компании да влезат во серијата.

Ова што во моментов го имаме како предлог потенцијално, како систем, може да се разгледува и да сае работи на него, додека економскиот аспект е нешто со што не сме задоволни и мораме тоа да го преговараме.

Имаме доволна база за да почнеме значајни преговори и се надевам дека решение, какво и да е, ќе биде донесено до крајот на годинава.

Постои можност за отстрнување на некои од претераните трошоци за истражување и развој поврзани со многу мали придобивки во однос на аеродинамичкиот развој. Тоа може веднаш да биде усогласено ако се донесе одлука колку може да се потроши на болидот.

Важно од наша гледна точка е да не ја допреме природата на техничкиот развој на моторот, а тоа е срцето на она што Ферари го работи за да преживее. Не мислам дека сме стигнале до тоа, треба да продолжиме да работиме со Лоберти и ФИА за да најдеме разумна средија, ако не најдеме, како што реков, надвор сме.

Му должиме на спортот феноменално многу за да донесеме заклучок по отворените проблеми, а тоа сакаме да го решиме до крајот на сезоната – изјави Маркионе.


Маркионе охрабрен од последниот предлог за моторите

6 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>