Малиа: Монако секогаш е одлична можност

46

Тимскиот шеф на Форс Индија, Виџеј Малиа, смета дека Големата награда на Монако секогаш е добра можност да се стигне до добри поени. Патеката во Монте Карло е добра за екипата од Силвертсон во последно време, а пред 2 години Серхио Перез заврши на подиум.

Монако секогаш е одлична можност да се освојат добри поени. Серхио и Естебан ја обожаваат патеката и историски гледано сме многу конкурентни на уличните трки. Понекогаш ви треба и среќ, нешто што немавме лани, но тоа е дел од непредвидливоста на Монако.

Болидот станува се подобар на секоја трка, подобрувањата во Шпанија се напредок, а ќе следуваат и нови. По пет трки изгледа дека имаме добар моментум зад нас.

Да се потсетиме и дека во 2016 година по пет трки имавме помалку поени од сега, но се вративме во игра и стигнавме до 4то место. Сезоната е навистина долга – објасни доктор Малиа.


Малиа: Монако секогаш е одлична можност

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>