Малиа задоволен со домашниот резултат

59

Доктор Виџеј Малиа, еден од сопствениците и прв човек на Форс Индија, за прв пат сезонава присуствуваше на Формула 1 трка. Против индиецот се води судска постапка за проневера во неговата татковина, а единствено нешто што го спречува да биде екстрадиран е британскиот пасош кој го поседува.

Да се освојат поени на домашна трка е одлично чувство. Естебан не погреши ништо денеска и демонстрираше одлична трка задржувајќи ги болидите зад себе кои имаа предност во однос на гумите денеска.

Серхио Перез се изврте во првиот круг и продолжи од последно место во инцидент кој многу го чинеше. Тоа беше 5ти инцидент годинава во кој наш болид има проблеми во првиот круг и тоа многу ни штети во однос на борбата во конструкторскиот поредок.

И покрај извртувањето тој се бореше, претекна доста болиди и на крајот освои поен за двоен финиш и одлична трка за нас – појасни Малиа.

Мексиканецот ја загуби борбата за 10то место од Пјер Гасли, но по крајот на трката французинот доби казна од 5 секунди поради инцидентот со Чеко по што беше деградиран во поредокот.


Малиа задоволен со домашниот резултат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>