Магнусен: Силверстон е најдобра патека за овие болиди

72

Кевин Магнусен и тимот на Хаас пристигаат со голем елан во Силверстон викендов. Кевин беше дел од најдобриот пласман за екипата во нивната 50та трка во Австрија минатиот викенд, каде што се пласираше на 5то место, додека Роман Гросжан на 4то. Тој очекува Силверстон да им одговара на новите болиди и според него тоа е една од најдобрите патеки за истите.

И покрај тоа, тој не верува дека претекнувањето ќе биде лесно. Минатиот пат во Британија, тој заврши пред Гросжан, но позади ривалите од Мекларен, Рено и Форс Индија.

Силверстон е сигурно една од добрите патеки. Навистина е брза и имате големи делови со брза промена на правецот.

Уживам во патеката. Една од најдобрите патеки за овие нови болиди. Сите знаеме дека брзите свиоци се едни од најимпресивните во Формула 1, а Силверстон е целосно тоа – изјави Магнусен.

Данецот исто така има свое мислење и за претекнувањето. Дополнителна ДРС зона е додадена и на оваа патека, која ги вклучува и првите два свиоци под полна гас. Но Кевин гледа кон првците и инсистира дека на болидот му е потребна голема брзина викендов.

Сивлерстон е голем предизвик за претекнување. Тешко е да се следат другите болиди. Има добри правци, така што ако сте малку побрзи, ќе бидете во можност да претекнувате – додаде Кевин.


Магнусен: Силверстон е најдобра патека за овие болиди

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>