Магнусен подготвен да загине во болидот

154

Кевин Магнусен го брани својот агресивен стил на возење со тоа велејќи дека тоа е потребно при густ среден ред каков што е Формула 1 поредокот во моментов.

Магнусен доби казна од 10 секунди по инцидентот во Баку со Пјер Гасли, контакт поради кој Гасли го нарече Магнусен најопасен возач против кој возел.

Но, Магнусен стои цврсто позади инцидентот и ја изрази својата спремност и “да загине“ во болидот.

Се тркам жестоко. Во ситуација кога сте во средниот ред, не може да се гарантираат поени и  понекогаш нема што да изгубите.

Може да добиете казна, да го изгубите предното крило и и тогаш немате што да загубите ако сте на 11та позиција. Давате се од себе.

Некогаш мора да сте поагресивен кога се борите. Не треба да се прави компромис. Давате се од себе. Би загинал во болидот, би го жртвувал животот.

Кога ја ставате кацигата и почнувате да се тркате тоа е се што го сакате во светот. Ја го сакам своето семејство, но кога сум во болидот ништо друго не ми значи. Ако се борите за титулата ја играте долгата игра. Мора да имате различен пристап и нема да ме видите така да се борам – смета К-Маг.


Магнусен подготвен да загине во болидот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>