Магнусен очекува добар Хаас во Канада

82

По разочарувачките перформанси во Монако, Кевин Магнусен се надева неговиот тим да се врати на вистинските патеки на претстојниот викенд во Канада.

Магнусен и неговиот колега Роман Гросжан беа најспори болиди на квалификациите во Монако и завршија надвор од поени. Ова е трет пат Хаас да не освои поени оваа сезона. Данецот смета дека има причина за ваквиот оптимизам пред трката во Монтреал.

Има добро места за престасување и долги правци што ветуваат интересна трка.

Ова е второ појавување на хиперсофт гумите по дебите во Монако. Хаас се мачеше со најнвата компонента минатата недела, но Магнусен изјави дека ја научиле лекцијата.

Секако научивме доста за хиперсофт гумите во Монако. Ќе се обидеме и ќе работиме со тие информации за да го извлечеме максимумот од таа гума во Канада.Мислам дека хиперсофт се добри гуми, иако во Монако беше тешко. Се надевам дека во Канада ќе биде полесно. Има долги правци за да се направи притисок на гумите на големи брзини. 

Хаас имаше проблеми со температурата на гумите, но тоа не би требало да биде случај оваа недела.

Не е многу топло. Асфалтот стигнува до 40 степени. Треба да биде во Монтреал, но мислам дека нема да има проблем.

Магнусен очекува тимот да престави нови надградби на време за следнава трка.

На Т1 ќе видиме какви резултати ќе има од аеро сензорите. Да видиме дали има корелација помеѓу вистинскиот болид и моделот од воздушниот тунел. Не би требало да има проблеми. Ќе биде се како што е до сега на Т1.

Една работа што повеќе не е проблем за Хаас се сопирачките. Тимот имеше проблеми со сопирачките минатата година, а Магнусен потврди дека тоа не е случај годинава.

Сопирачките се предизвикувачки дел на патеката. Можеби најтежок дел е ѕидот на шампионите. Тoа е најтешкиот дел од патеката и е последен свиок каде има многу притисок кога се влага во шиканата. Завршвате цел круг и ако го завршите тоа тогаш сте ОК. Ако имате добар круг не мора да ризикувате толку во таа шикана.


Магнусен очекува добар Хаас во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>