Магнусен очекува враќање во поени

40

Кевин МАгнусен верува дека Хаас ќе го најдат загубениот ритам во Канада и тој и неговиот тимски колега Роман Гросжан, ќе може да напаѓаат и освојуваат поени по очајно лошото издание кое го имаа во Монако.

Данецот е оптимист дека тимот ќе го врати ритамот кој го имаа и го покажаа на неколку трки кои повеќе им одговараа од почетокот на првенството.

Секако дека во Монако многу научивме, особено за хиперсофт компонентата. Ќе се обидеме да научиме од тие информации кои ги добивме и да извадиме максимум од таа компонента во Канада.

Сметам дека хиперсофт е одлична гума иако исто така сметам дека за Монако беше претврда и тешко ја постигнуваше оптималната температура.

Се надевам дека во Канада ќе биде малку полесно поради долгите правци кои ги оптеретуваат гумите при високите брзини и ги загреваат на потребното ниво – заврши Магнусен.


Магнусен очекува враќање во поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>