Магнусен и Гросжан задоволни што Монако заврши

53

Возачите на Хаас се среќни што Големата награда на Монако е зад нив откако немаа никака брзина и ритам низ улиците на кнежевството.

Данецот имаше подобар пласман на крајот од трката и заврши како 13ти, но остана зачуден од губитокот на перформанси во однос на другите трки.

Болидот кој го имавме на располагање викендов не е репрезентативен на она што требаше да го имаме. Мило ми е што трката заврши и нетрпелив сум да отиме во Монтреал и да се вратиме во борбата за поени. Сите во тимот го заслужија тоа, продолжуваме понатаму, гледме кон Канада и кон новините и подобрувања на болидот кој ќе не вратат во нормалан и во борба за поени – смета К-Маг.

Роман Гросжан заврши 2 позиции зад својот колега и размислува слично на Магнусен, целосно фокусирајќи се на Канада каде смета дека ќе биде целосно различна приказна за екипата

Трката беше тешка, се мачевме и немавме никаков ритам. За жал, немаше ништо лудо на трката и поради тоа не напредувавме воопшто. Мислам дека ќе имаме одличен болид за Канада.


Магнусен и Гросжан задоволни што Монако заврши

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>