Магнусен жали за проблемите на Мекларен

101

Кевин Магнусен смета дека е штета што неговата поранешна екипа од врвот паднала на дното. Најголем дел од својата јуниорска кариера данецот ја мина во Мекларен пред да дебитира во Формула 1 за нив во 2014 година, но по една сезона тркање, повторно беше “на клупа“ како резервен возач за да направи место за Фернандо Алонсо.

Магнусен го напушти Вокинг во 2015 година и мина во Рено, но по една година во Енстон дојде во Хаас на почетокот на 2017 година и во моментов има многу успешна сезона со американците.

На последната трка во Австрија, Хаас стигнаа до најдобриот резултат во нивната историја откако Роман Гросжан заврши на 4то, а Кевин Магнусен на 5то место по што забележаа скок во поредокот и се пласираа на 5то место со 13 поени заостаток зад Рено кои се предводници на средина од поредокот.

Импресивно е што толку мала екипа се трка со тимови како Рено и Мекларен, а одамна сме пред Вилијамс, па дури и Форс Индија кои се поголеми од нас. Тоа е нешто на што требада сме горди и значи дека тимот врши фантастична работа.

Сепак, изннаден сум особено од Мекларен. Кога бев таму беше јасно дека тоа е одлична и голема екипа, убава екипа. Не сум во контакт со нив повеќе и не знам какви проблеми имаат во моментов, но ова што им се случува е вистинска штета.

Среќен сум за нас пораи фактот што можеме да се тркаме со нив и често да ги пбоедуваме, но сигурно ова не е местото каде тие припаѓаат – смета Кевин.

Кевин сеуште е освојувач на најдобриот резултат за Мекларен од крајот на 2012 година кога дојде до 2ро место на отваањето на сезоанта во Австраија за време на својот дебитантски настап за екипата.


Магнусен жали за проблемите на Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>