Магнусен ги пофали неверојатните пеформанси на Хаас

55

Кевин Магнусен ја пофали “неверојатната работа“ која ја завршил неговиот тим Хаас Ф1 со пласманот на 4та и 5та позиција на Големата Награда на Австрија.

Нивниот викенд веќе започна на високо ниво, преку пласман на петто и осмо место во квалификациите за двајцата возачи. Кевин Магнусен беше јасен на почетокот на трката со неговите намери откако го претекна Себастијан Ветел во првиот свиок со одличен маневар. Во последниот период од трката, данецот беше притиснат од двата болида на Форс Индија поради деградацијата на пневматиците.

Имавме навистина добар викенд. Да бидеме во топ 5, не го очекувавме тоа. Завршивме со двата болида во топ 5, а тоа е неверојатна работа која ја заврши екипата и навистина сум горд на сите нив.

Имавме проблеми со оштетување на пневматиците, со софт компонентата. Успеав да ги менаџирам, а потоа имав и притисок од позади мене, така што морав да бидам агресивен, но имав добра трка.

Покажавме викендов дека имаме добар болид. Всушност, не само викендов, цела сезона досега болидот е многу конкурентен. Мора да продолжиме во иста насока – изјави Магнусен.


Магнусен ги пофали неверојатните пеформанси на Хаас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>