Луис обвинува: Ферари користеше интересна тактика

2818

Луис Хамилтон посочи дека инцидентот од првиот круг помеѓу него и Кими Раиконен било интересна тактика од страна на Ферари. Финецот имаше контакт со Мерцедесот во 3от свиок по стартот во Силверстон, по што Луис се изврте и ја продолжи трката од 18то место.

Актуелниот првак напредуваше, се врати во топ 10 до 6от круг, а веќе во 11от дојде до 6то место, стигнувајќи на подиум на крајот од трката, но незадоволството беше повеќе од видливо кај него.

Револтираниот Хамилтон не се појави на задолжителните интервјуа по крајот на трката, кои овој пат од Парк Ферме ги водеше Мартин Брандл, а своето видување за трката го кажа од подиумот.

Вие момци (мислејќи на публиката) ми помогнавте да преживеам денеска и машки да го поднесам ова, притискавме максимално и верувајте ми дека нема да се предадам, никогаш нема да се предадам – изјави Хамилтон.

Очигледно е дека Луис смета дека сударот со Раиконен не било само тркачки инвидент, туку Ферари играле задкулисни игри и намерно го пуштиле Кими во неговиот болид.

Интересна тактика.од нивна страна, но ќе направиме се што можеме да се се бориме со нив, да се подобриме на следните трки. Благодарен сум за поддршката што ја имам овдека.

Покрај преголемите емоции, Луис на крајот се заблагодари на 140.000 луѓе кои дојдоа да го гледаат на домашната Гранд При трка, извинувајќи им се што повторно не победил.

Ова е најдобра трка на календарот и има најдобра публика и поради тоа жалам што не бев во можност да ви подарам победа денеска, но ви благодарам од се срце за поддршката.

Тоа што мојот тим направи е неверојатно овој викенд и сите ви благодариме за поддршката. Имаше толку многу притисок од сите страни. Ова е најдобра трка цела година и сите вие сте неверојатни – заврши Хамилтон.


Луис обвинува: Ферари користеше интересна тактика

67 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>