Лоши квалификации за јубилејот на Форс Индија

73

Форс Индија не уживаа во својата 200та Гранд При трка, барем не на квалификациите во Австрија денеска откако Серхио Перез не успеа да влезе во К2, а Естебан Окон немаше сила да дотурка до најбрзите 10. Тимот од Силверстон повеќе не е најдобар од останатите како минатите две години, а перформансите не ги оправдуваат очекувањата од пред почетокот на првенството.

Разочаран сум што толку рано ги завршив денешните квалификации и тоа дефинитивно не беше резултатот кој го очекувавме. Се мачевме навистина многу со балансот и не успеавме се совршено да погодиме.

Имавме проблеми со батеријата, наидовме на густ сообраќај, а и времињата се такви што за една десетинка не влегувате во следниот сегмент. Како и да е немаме добра брзина цел викенд, немаме ритам и се мачиме со балансот.

Сметам дека имаме добар напредок со болидот викендов иако не бевме во можност да го покажеме тоа денеска. Ќе дадеме се од себе да спасиме на трката колку што можеме – изјави Перез.

Естебан Окон иако беше подобар од својот тимски колега и тој немаше сила да влезе во последниот квалификациски сегмент така што ќе може слободно да бира гуми на утрешната трка.

Ни недостасуваше 1-2 десетинки за да направиме разлика и да продолжиме понатаму во средината. Немаме воопшто лесен викенд, се мачиме со брзината особено во текот на еден летечки круг. Мислам дека развојот кој ќе следува ќе ни го даде подобрувањето кое ни е потребно.

Позитивна работа со 11то место е тоа што ќе можеме слободно да бираме гуми утре и ќе можеме да ја почнеме трката на нови пневматици. Нетрпелив сум да се обидам да стигнам до поени – дополни Окон.


Лоши квалификации за јубилејот на Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>