Лоув: Не завршивме доволно добра работа

60

Техничкиот шеф на Вилијамс, Пади Лоув, призна дека екипата не завршила доволно добра работа со ФВ41 болидот за оваа сезона откако Строл и Соркин се мачат на трка и по 5 трки освоија само 4 поени, благодарение на 8то место не Ленс во Азербејџан.

Шпанија беше многу тежок викенд во однос на перформансите, но секако дека треба да се пофали екипата поради тоа што имаме два болиди кои завршија трка. За момците во гаражата работаа е иста без разлика на ритамот кој го имаме и поради тоа сум задоволен за нив.

Со Ленс за малку промашивме поени по фантастичниот прв круг кој го крена до 12то место, а на крајот заврши како 11и со добар и константен ритам и добар менаџмент на гумите.

Сергеј имаше тешко попладне и се мачеше со балансот на болидот. Стана потешко кога почнаа да го минуваат побрзите болиди за цел круг што му загуби доста топлина од гумите.

Како екипа не направивме доволно добра работа во однос на развојот на ФВ41 болидот и мораме да работиме понапорно во базата во Гров за да бидеме во подобра позиција – смета Пади.


Лоув: Не завршивме доволно добра работа

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>