Леклер: Фановите не разбираат зошто не победувам

235

Шарл Леклер од Заубер смета дека фановите не разбираат зошто тој не е во позиција да победува на трки. 

Пред домашната трка во Монако, Леклер го истакна следното:

Многумина ме подржуваат и тоа е одлично. Но исто така сватив дека многу луѓе ја следат Формула 1 за првпат и не сваќаат зошто моментално не сум во позиција да победувам на трки.

Имаа коментари како “се квалификуваше на 14 место, а треба да си на пол позиција“. Потоа е тешко да се објасни бидејќи не го следат спортот целосно и не го разбираат.

Ме подржуваат и таква подршка е одлична. Но сваќате дека луѓе кои не ја следат Формула 1 целосно, не разбираат дека постојат повеќе фактори покрај возачот и тоа прави голема разлика.

Сега ќе се подобруваме, но сеуште не сме во можност да победиме на трки. Искуството беше одлично. Принцот на Монако беше голема подршка цел викенд. Тој е голем фан уште од кога има 11 или 12 години и одлично е што сеуште ме подржува.

Целиот град стои позади мене. Цело време ме подржуваат. Тоа е голема мотивација – изјави Леклер.


Леклер: Фановите не разбираат зошто не победувам

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>