Леклер реален пред Барселона

53

По импресивното 6то место на Азербејџанското Гранд При, Шарл Леклер оди на добро познатата Барселона со реално очекувања. Младиот возач од Монте Карло извозе без грешка низ улиците на Баку откако имаше и добар старт со пласманот во К2 на квалификаиицте.

Треба да бидам внимателен во врска со очекувањата и целите. Да бидам реален не очекувам секоја трка да имам пласман како во Баку. Се беше одлично претходниот тркачки викенд, но никој не очекува иста трка секој викенд, такви очекувања би биле глупави. Сепак, работиме на тоа да стигнуваме до слични резултати во иднина – појасни Шарл.

Најголема непознаница викендов за возачите ќе биде однесувањето на новиот асфалт на топлото време како и менаџирањето со пневматиците.

Имам одлични спомени од Барслона во минатото и интересно е да се враќам на патека каде зимоска го тестирав Ц37 болидот. Менаџирањето на гумите ќе биде клучен фактор затоа што деградацијата е доста голема на оваа патека. Се на се, се работи за посебен автодром со многу технички делови кади ги има сите видови на кривини. Нетрпелив сум да се вратам во болидот – заврши Леклер.


Леклер реален пред Барселона

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>