Леклер повторно импресивен

268

Шарл Леклер повторно извади максимум од пакетот кој во комбинација со неговиот талент уште еднаш го донесоа до К3 на денешните квалификации. Сесијата која беше под висока температура тој извади максимум од својот Ц37 со мотор на Ферари, се надоградуваше во текот на сесиите и на крај дојде до 9то место оставајќи го Окон зад себе, а само големата тројка плус Хаас пред себе.

Т3 утрово беше многу добра сесија за мене. Мислевме дека можеме да ги пбоедиме и Хаас, но тие најдоа нешто дополнително во пресрет на квалификациите и ни избегаа. Но, на крајот стигнав до 9то место и уште едно К3 појавување по што чувството е неверојатно. Овој резултат е одличен за целата екипа и сите се заслужни за истиот – изјави Шарл по сесијата.

20-годишникот од Монако е свесен дека поените нема да дојдат лесно на трка и знае дека зад себе има амбициозни и брзи екипи, но кај него постои глад за 4от последователен топ 10 финиш или 5ти во последните 6 трки.

Целиот фокус е на трката и продолжуваме да работиме на истиот начин со надеж дека ќе иамме добар финиш. Ќе биде тешко, патеката е преагресивна на гумите и веројатно ќе има многу менаџирање на истите, но ќе се обидеме тоа да го направиме на најдобар начин и да дојдеме до нови поени. Сакам уште еднаш да се заблагодарам на цела екипа.


Леклер повторно импресивен

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>