Леклер не сака споредби со Шуми и Сена

99

Шарл Леклер откри дека не ги слуша споредбите кои го ставаат на исто рамниште со Михаел Шумахер и Аиртон Сена и смета дека е многу млад и има уште многу за учење. Возачот од Монте Карло е штитеник на Ферари, не почна убедливо годинава, но на двете последни трки е одличен и стигнува до поени.

Секако дека е огромна чест уште сега да ве поврзуваат со такви имиња, но се обидувам да го игнорирам тоа затоа што сеуште имам многу за учење во Формула 1 – објасни Леклер.

Перформансите на 20-годишникот во Шпанија ги забележат и Алан Прост, четирикратен Формула 1 првак кој му честиташе за 10то место.

Честитката од Прост ми дава многу самодоверба. Се знаеме долго време затоа што тој има куќа на југот на Франција – прокоментира Шарл.

Иако извозе само 5 трки сезонава, младиот возач на два пати се најде во дуел со искусниот и одличен Фернандо Алонсо, заврши пред него во Баку, но не успеа да го задржи во Барселона.

Кога се борите со толку агресивен возач и двократен Формула 1 првак, учите двојно повеќе одошто кога се борите против некој друг. Да не заборавиме дека и тој почна од дното на гридот, возеше за Минарди.


Леклер не сака споредби со Шуми и Сена

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>