Леклер: Монтреал ќе ни дозвoли да бидеме конкуренти

43

Шарл Леклер е подготвен за прв пат да го искуси автодромот Жил Вилнев викендов во Монтреал, особено по разочарувачкото домашно Гранд При пред две несели.

Возачот од Монако се судри со Торо Росо на Брендон Хартли на 8 кругови пред крајот на трката откако откажаа сопирачките на Ц37 болидот од Хинбил.

Навистина сум нетрпелив за трката во Канада затоа што патеката Жил Вилнев во Монтреал е патека на која ќе возам по прв пат – најави Шарл.

Тој очекува далеку поконкурентен викенд за тимот во Монтреал во кој ќе цели на 4то последователно појавување во К2 на квалификациите, но во исто време “брка“ и трето освојување на поени годинава по Баку и Барселона.

Го видовме нашиот потенцијал последните неколку тркачки викенди, а карактеристиките на патеката треба да одговараат на нашиот пакет. Ќе биде интересен викенд – смет а Леклер.


Леклер: Монтреал ќе ни дозвoли да бидеме конкуренти

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>