Леклер мина неказнето по сударот со Хартли

68

Стјуардите во Монако не му изрекоа казна на Шарл Леклер за сударот на 6 кругви пред крајот по кој се елиминираше себе си, но и Брендон Хартли од трката.

Младиот дебитант на Заубер се приближуваше на Брендон Хартли од Торо Росо сакајќи да ја превземе неговата 11та позиција, но не успеа да закочи и удри во задниот дел од болидот но новозеланѓанецот.

Болидот на домашниот возач имаше голема штета во предниот дел, додека Хатли со целосно скршено задно крило успеа да го донесе својот СТР13 болид до гаражата на тимот.

Инцидентот бил предизвикан од откажување на предната лева сопирачка кај Леклер, заклучиле стјуардите откако ги сослушале двајцата возачи.

Почувствував како педалот станува многу долг, а сопирањето не беше константно. Притискање на педалот со иста силе не беше забавување како што треба или како што било претходниот круг. Беше многу тешко да се менаџира со таков проблем така што во еден момент сопирачките целосно откажаа – објасни Леклер.

Смирено објаснување имаше и Брендон Хартли.

Шарл и јас разговаравме по сударот и тој ми кажа дека целосно ги загубил сопирачките. Фрустрирачки е, но од Монако  секогаш се може да се очекува. Бевме силни цел викенд, освен во првито квалификациски дел каде си ја уништивме трката.


Леклер мина неказнето по сударот со Хартли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>