Леклер: Заубер би требало да е добар во Монтреал

50

Шарл Леклер смета дека следната трка за Канадското Гранд При во Монтреал би требало да биде една од посилните годинава за болидот на Заубер.

Заубер, по години исполнети со лоши перформанси, се вратија во тесната битка во средината годинава, а Шарл Леклер и Маркус Ериксон освоија поени во првите неколку трки. Заубер сметаат дека трките во Шпанија и Монако се нивни најлоши во годината, поради недостаток на потисна сила во нивниот болид.

И покрај тоа, Леклер освои поени во Шпанија, а Ериксон за малку испушти можност во Монако, завршувајќи на 11то место, само секунда позади Карлос Саинз од Рено.

Леклер смета дека Заубер ќе имаат повеќе самодоверба во Монтреал, сметајќи дека ниското ниво на потисна сила ќе биде од помош за нивниот болид.

Во Барселона погрешивме, со очекувањата. Во Монако се мачевме, а болидот беше тежок за возење во квалификациите. Го извадивме максимумот, но проблемите беа присутни.

Но, веќе ги поминавме двете најлоши трки за нас, Пол Рикар е знак прашалник, но барем најлошите поминаа. Се надевам на позитивни резултати во следните неколку тки. Очекувам Монтреал да биде една од нашите најдобри трки годинава – истакна Леклер.


Леклер: Заубер би требало да е добар во Монтреал

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>