Леклер жали за загубените поени

75

Британското Гранд При за Шарл Леклер завржи со откажување во 19от круг, но младиот возач смета дека има позитивни работи од трката. Возачот од Монако ги заврши вчерашните квалификации на 9то место, а во 19от круг влезе по нови гуми како осмопласиран, но тимот несоодветно прицврсти едно негово тркало, така што тој мораше да се паркира крај патеката.

Сеуште не знам точно што тргна наопаку, не знам дали беше технички проблем или грешка на механичарите во боксот. Како и да е има многу позитивни работи кои треба да се научат од овој викенд.

Имавме одличен ритам, бевме брзи и го притискавме Нико. Сметам дека 7то место беше реална опција денеска.

Доколку беше грешка на некој на механичарите, такви рабти се случуваат во моторспортот. Минатите неколку трки сме при врвот во однос на брзината на менување на гуми, механичарите прават фантастична работа, така што логично е понекогаш да се погреши – смета Шарл.

Откажувањето за 20-годишникот значеше пропадната можност за 4ти едно по друго пласман во поени или 5ти на последните 6 трки.

Знам дека загубивме поени денеска, штета е, но ќе надоместиме.


Леклер жали за загубените поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>