Леклер воодушевен од својот втор топ 10

80

За многумина Шарл Леклер е Возач на денот во Шпанија затоа што откако дебитантот заврши на 6то место во Азербејџан, повторно дојде до финиш во поени. 20-годишникот заврши на 10то место и донесе уште еден бод на контото на екипата.

Леклер ја почна трката од 14то место, но по инцидентот предизвикан од Гросжан експресно се најде на 9та позиција. Долго време се возеше на 8мо пред да биде минат од Алонсо при вториот рестарт и од Перез кон крајот на трката.

Одлично е чувството пвоторно да се заврши во поени. Направивме значаен напредок од почетокот на сезоната и целата екипа сака што пборзо да продолжи да се развива во истата насока.

Трката беше интересна, многу сложени временски услови кои придонесоа да биде предизвик да се вози особено во однос на менаџирањето на гумите – појасни Шарл.

Следната трка од календарот е многу важна за него затоа што се работи за Големата награда на Монако, домашна трка за возачот.

Ќе биде многу важно да се остане фокусиран. Следното Гранд При е моето домашно во Монако и многу сум возбуден да ја возам моајта прва Формула 1 трка таму.


Леклер воодушевен од својот втор топ 10

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>