Лауда откри: Преговаравме со Верстапен

297

Неизвршниот претседател на Мерцедес, Ники Лауда, потврди дека екипата имала дискусија околу идејата да го ангажираат Макс Верстапен минатата година. Верстапен потпиша договор кој е со важност до 2020 година со Ред Бул минатиот Октомври, откако наводно ја одбил понудата на Мерцедес.

“Сребрените Стрели“ на крајот го продолжија договорот со Валтери Ботас, а се очекува финецот да остане во екипата и следната година, иако и тој и Хамилтон сеуште не ги потпишале новите договори откако тековнте им истекуваат на крајот на 2018 година.

Падот во форма на Ботас сред 2017 година ги натера Мерцедес да размислуваат за други опции и да целат кон зделка кој ќе го шокираше Формула 1 светот.

Всушност разговаравме со Верстапен, тоа е сигурно. Разговорите помеѓу Јос и Макс се случија во летото 2017 година. Хамилтон во тој момент имаше продолжен договор, а Валтери беше под притисок поради слаби перформанси.

Хелмут Марко делуваше побрзо, Верстапен знаеше точно што ќе добие и го потпиша договорот со нив.

Секогаш мора да внимавате дали двајцата возачи ќе се согласуваат, сите паметат  како беше помеѓу Розберг и Хамилтон. Луис е најдобриот возач, без разлика дали Ветел ќе стигне до титулата или не, или пак доколку Верстапен вози покрај него, тоа не е важно. Како севкупен пакет, Хамилтон е најдобар.

На него му треба тимски колега кој ќе го предизвикува уште повеќе. Валтери очигледно вози подобро годинава во споредба со претходната, покажува неверојатен потенцијал, така што задоволни сме со комбинацијата – изјави Лауда


Лауда откри: Преговаравме со Верстапен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>