Лауда: Ништо не сме му понудиле на Рикардо

85

Веќе повеќе месеци е јасно дека Даниел Рикардо ги разгледува своите можности пред да потпише нов договор со Ред Бул, но Ники Лауда вели дека Мерцедес не доставиле понуда до австралиецот.

Луис Хамилтон сеуште не го потпишал својот нов договор, но повеќе месеци се шпекулира дека тоа е прашање на време. Рикардо се претпоставува дека ќе потпише или за Мерцедес или за Ферари, доколку одлучи да го напушти Ред Бул.

Моментално не сме во преговори со Хамилтон и не брзаме да го сториме тоа. Повеќе од 100 проценти сум сигурен дека Луис ќе го продолжи својот договор со нас и нема да зажали – изјави Лауда.

Хелмут Марко од Ред Бул исто така беше присутен додека Лауда го даде своето мислење, а сето тоа се случи за време на тестот на Марк Маркез со Ред Бул во Австрија.

Мерцедес се мошне зафатени со продолжување на договорот со Хамилтон веќе од Декември. Се надевам дека ќе го комплетираат набргу, бидејќи се додека Луис не потпише, Даниел нема да потпише со нас исто така – истакна Марко.

Лауда пак не се согласи со тоа мислење.

Рикардо ве уценува со тоа што не потпишува. Тоа што Луис ќе го добие, никој друг нема да го добие. Од друга страна, ништо не сме му понудиле на Рикардо – додаде Лауда.


Лауда: Ништо не сме му понудиле на Рикардо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>