Лауда: Возачите остануваат

74

Ники Лауда потенцираше дека е убеден оти двајцата возачи на тимот, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, ќе останат дел од “сребрените“ и следната сезона. Ова доаѓа по се посилните шпекулации дека Даниел Рикардо ќе заврши во Мерцедес или во Ферари.

Актуелниот првак победи на двете последни трки, но иако е без договор за следната година, од тимот неколку пати најавија дека тоа е само формалност на која се работи.

Времето не не притиска. Новиот договор на Хамилтон 110 проценти ќе се случи. Се е договорено, но дали ќе потпише сега или за три недели никому не е важно – објасни Ники во својата изјава за Bilb am Sonntag.

Шпекулациите велат дека евентуален нов возач би го зазел местото на финецот Ботас.

Последните три трки е побрз од Луис. Ако објективно се анализираат неговите перформанси, навистина е добар, сличен е на Розберг – смета Лауда.

Јасно е дека односот Хамилтон-Розберг е нешто што Мерцедес очајно сакаат да не им се повтори, а односот на Луис со Ботас е фантастичен и тие одлично се надополнуваат во времето минато со тимот.


Лауда: Возачите остануваат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>