Латифи не си купи место во Мекларен

266

И покрај големата инвестиција на татко му во тимот на Мекларен, Формула 2 возачот и развоен возач на Форс Индија, во моментов не е во планот на тимот од Вокинг. Мајкл Латифи, татко на Николас, преку својата оф-шор компанија купи акции во вредност од над 200 милиони фунти, нешто што потврдија и од Мекларен.

Шпекулациите дека со тој потег Николас ќе стане дел од екипата експресно почнаа да се шират, но Зек Браун побрза да го демантира истото.

Тоа никогаш не е дискутирано. Навистина добро му оди во Формула 2, а во Мекларен ние секогаш сметаме на најдобрите возачи. Тој е одличен, но никогаш не сме преговарале за негов ангажман во тимот – појасни Браун.

Финансиската ситуација во моментов во Мекларен не е многу розева затоа што по разделбата од Хонда, тимот остана без доста финансии.

Инвестицијата на Латифи оди во Мекларен Груп, така што Бордот и акционерите ќе одлучат каде ќе се инвестираат тие пари.

Мислам дека истите ќе бидат поделени низ сите бизнис делови на компанијата. Јасно е дека Формула 1 има голема жед за трошење и на таков начин и секогаш ќе продолжи. Сигурен сум дека дел од парите ќе бидат инвестирани во тркачката екипа со цел развој на бизнисот и технологијата.


Латифи не си купи место во Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>