Латифи и Мазепин добиваат прилика во Форс Индија

207

Тест возачот на Форс Индија, Николас Латифи, ќе се појави во розевиот болид во Петок за време на Германското Гранд При. Тоа ќе биде второ појавување на петочна сесија за канаѓанецот оваа сезона кој од старт на првенството ја одработува како замена за Серхио Перез и Естебан Окон.

Првото појавување за Латифи во овогодинешниот ВЏМ11 болид сезонава беше на тестот по трката во Барселона, а на официјален Гранд При викенд за прв пат се појави на домашната трка во Монтреал.

Првата петочна сесија на Хокенхајм Николас ќе ја одработи во болидот на Естебан Окон, а распоредот ќе му биде полн затоа што истиот викенд ќе се трка и за ДАМС во Формула 2 серијата.

Латифи ќе добие шанса и на вториот сезонски тест на Хунгароринг на крајот на Јули и ќе вози на првиот ден, пред да го предаде болидот на Никита Мазепин кој ќе го одработи вториот ден.

Никита Мазепин во моментов е на 4то место во ГП3 поредокот и често тестира за Форс Индија минативе неколку години.


Латифи и Мазепин добиваат прилика во Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>