Кубица: Се адаптирав на промените

54

Роберт Кубица откри дека го адаптирал својот стил на возење во Формула 1, но смета дека крајното време е исто или речиси исто. Полјакот се врати на Гранд При викендот со петочната сесија која ја имаше во Шпанија, а камерата од болидот покажуваше дека тој речиси цело време управува со една рака.

Возам на начин кој ограничувањата на моето тело дозволуаат. По несреќата открив нов начин на возење автомобил, но Формула 1 не е автомобил. Исто така, сум бил и во школо каде ти даваат птица во раката која не смее да ја стиснете силно за да не ја исплашите и морате да ја држите мирно за да не ви одлета. На тој начин го држам управувачот.

Кога се тркав во минатото, имаше една снимка од Малезија која беше еден од моите први тркачки викенди, каде камерата покажа како го држам воланот со три отворени прсти. Инженерите беа шокирани и ме прашуваа зашто го правам тоа, но јас не знаев да им објаснам, веројатно толку сила ми требаше за да го задржам воланот.

Веројатно возам на начин на кој давам доволно сила за да завршам некоја работа, во спротивно не би бил тука. Не би бил способен да комплетирам 160 кругови на тест да не возев така.

Изгледа поинаку од пред 10 години, изгледа поинаку и од останатите. Но крајниот резултат е ист – смета Кубица.


Кубица: Се адаптирав на промените

1 Коментар

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>