Кубица имал договор со Ферари за 2012

216

Роберт Кубица потврди дека потпишал договор да се трка за Ферари пред да се здобие со повреди во рели првенството и кои ја прекинаа неговата Формула 1 кариера.

Кубица учествуваше во релито во Андора пред почетокот на Формула 1 сезоната во 2011 година, кога имаше сериозен судар во заштитните банкини и се здоби со сериозни повреди.

Од тој момент, тој не учествуваше во Формула 1, а оваа сезона е негово прво враќање во болидот по улогата на тест и резервен возач во Абу Даби по 2010 година, но не успеа да обезбеди тркачко седиште во Вилијамс.

Долго време се претпоставуваше дека Кубица имал договор за трансфер од Рено во Ферари за сезоната во 2012 година, но тоа никогаш не беше потврдено од инволвираните страни. Од скоро Кубица откри дека размислувал да не учествува на релито во Андора, но не сакал да го разочара тимот која ја овозможил таа можност.

Јасно беше дека екипата за која ќе возев наредната година, немаше да ми дозволи да учествувам во рели првенството. Да, потпишав да возам покрај Алонсо – истакна Кубица.

Роберт вели дека потпишал договор со тогашниот претседател на Ферари, Стефано Доминикели и дека ќе заработувал помалку пари одколку во Рено.

Првата цел е да се влезе во Формула 1. Втората е да се докажете во Формула 1, за да имате вредност, добра репутација, што е потешко од самиот влез.

Трето, или ќе освоите првенство или ќе станете возач за Ферари. Јас не го освоив првенството, на крајот не станав возач на Ферари, но бев многу блиску.

Мојата рехабилитација по повредата беше толку тешка во првите 16-18 месеци, што не чувствував болка. Се борев, се фокусирав на подобрување, поминував низ многу тежок период.

Колку повеќе време поминуваше, толку беше потешко, бидејќи надежите полека изчезнуваа. Постоеја моменти кога имав добра рехабилитација, но имаше и месеци кога операциите не поминаа според очекуваното и ме вратија 6 месеци наназад.

Болно беше да не се тркам во Формула 1, но беше уште поболно што знаев дека требаше да возам за Ферари – додаде Кубица.

Роберт вели дека рели тркањето не било само за забава и дека сакал да учествува во серијата поради желбата да биде целосен тркачки возач, да најде нешто што останатите не го поседуваат или пак да се подобри.

Не бев среќен со тоа што бев. Ми требаше повеќе. Мислев дека рели тркањето ќе ми го овозможи тоа. И тоа беше случајот. Проблемот е што платив превисока цена – заклучи Кубица.


Кубица имал договор со Ферари за 2012

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>