Кубица: Болидот е невозможен

444

По својата прва сесија оваа година, Роберт Кубица истакна дека ФВ41 болидот е невозможен да се задржи на патеката во Шпанија и предупреди дека е тешко да се очекуваат чуда до крајот на сезоната. Ова е прво возење на болидот од страна на полскиот возач по предсезонскиот тест откако 90 минути беше во болидот на Сергеј Сироткин.

Кубица заврши со 19то време по вредност, повеќе од 3 секунди зад Мерцедес, се изврте на 13та кривина во еден летечки круг, а побавен од него беше сами неговиот тимски колега.

Исто е како пред три месеци. Не сум вистинскиот кој треба да навлегува во детали, но знаеме точно кој ни е најслаб дел од болидот.Тоа што е добро е фактот што почнавме проект кој ќе ни помогне да го разбереме болидот подобро, да се подобриме и се надеваме дека целосно ќе ги решиме проблемите. Не се работи за еден ден или еден месец и свесни сме дека ќе ни треба повеќе време и мораме да бидеме трпеливи.

Чуда нема да се лсучат, ќе имаме подобри патеки како Баку, но пред да дојдеме во Барселона очекувавме тешка ситуација. Т1 беше дури и потешко од она што очекувавме. Ќе се обидам да им помогнам на двајцата возачи со балансот на болидот со надеж дека ќе може да биде полесен за возење.

Перформансите се друга приказна, мораме да го поправиме нашиот главен проблем за да можеме да почнеме да мислиме на перформанси и д извадиме максимум од пакетот.

Утрото бевме бавни, но не е само тоа, болидот беше речиси невозможно да се задржи на патеката, а тоа мора да се промени за да може возачите да живеат полесно – анализира Кубица,

Полскиот возач ќе се врати во болидот во Среда за време на тестот.

Имаме навистина опсежна програма за тестирање за да разбереме некои области, а јас сум повеќе од среќен што ќе може да помогнам. Се надевам дека балансот ќе биде подобар од денеска, затоа што во спротивно денот ќе биде навистина долг.


Кубица: Болидот е невозможен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>